НАТПРЕВАРУВАЧКА ЕКИПА
Главен тренер: Сотир Трајковски- Цоци
Национален претставник и рекордер, учесник и медалист на меѓународни натпревари, најмладиот пливач кој го заврши Охридскиот маратон.
Има 10-годишно искуство како тренер, со многу успешни студенти и натпреварувачи на меѓународна сцена.
Competition Pathway
Од своето основање, целта на Пливачката Академијата Аква Про е да се поддржи развојот на секој пливач да го достигне својот вистински пливачки потенцијал. Со текот на времето, репутацијата на Аква Про постојано се зголемува. Нивото на нашите пливачи се зголеми не само локално, туку и ширум светот, сега во Аква Про тренираат најуспешните пливачи во Македонија и во регионот.
Структурата на нашиот тим е дизајнирана да биде прогресивна, за пливачите да се развиваат низ нивоа во согласност со долгорочниот план за развој на спортистите. Имаме четири нивоа на натпреварувачи (10-12, 13-15,16+ , Елит) кои му овозможуваат на секој пливач да се развие и тренира во согласност со нивната правилна возраст, способност, посветеност, цели и потенцијал. Оваа структура им овозможува на пливачите со сите способности и посветеност подеднакво да уживаат во спортот.
Competition Pathway еволуираше за да ги поддржи пливачите кои имаат за цел да тренираат и да се натпреваруваат. Обуката се изведува со индивидуална програма, но најважно во согласност со правилната возраст и способност - ова им овозможува на пливачите да изберат нивната посветеност да биде во согласност со нивните цели.